Нова теорија на заговор: Земјата е шуплива, а во неа живеат нацисти и Викинзи

Од:

Се почести се теориите на заговор во врска со формата и староста на Земјата, а последната е најверојатно една од најбизарните. Според неа, Земјата е шуплива, а во неа внатре живеат нацисти, Викинзи, како и супериорна раса на мешавина од луѓе и вонземјани.

Внатрешноста на земјата е нешто слично на рај, а посетите на НЛО се всушност чувари на планетата кои ја шпионираат човечката раса и спречуваат нуклеарна војна.

Авторот на оваа теорија Родни Клаф тврди дека веќе има илјадници следачи. Тој е толку уверен во теодријата што во 2007 година организирал патување до центарот на Земјата, односно во нејзината шуплина. Неговиот план беше да влезат кроз пукнатината на Северниот пол, но сепак ескпедицијата, која што чинеше по речиси 17 илјади долари од лице, беше откажана.

Клаф верува дека во средиштето на Земјата постои соларен систем, месечина, ѕвезди и планети.

Поборниците на оваа теорија тврдат дека постојат портали, по еден на секој пол и на Хималаите, од каде што нацистите побегнале по Втората светска војна, а во порталите завршила и колонија на Викинзите.

Норвешкиот морнар Олаф Јансен во 1811. година тврдеше дека пронашол влез до центарот на Земјата на Северниот пол. Според неговите раскажувања, тој живеел во рајот заедно со неговиот татко помеѓу луѓето кои се високи повеќе од три и пол метри и се имуни на сите болести.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска