Доделени новогодишни пакетчиња од општина Крива Паланка

Од:

Над триста дечиња од трите клона на детската градинка „Детелинка“ од Крива Паланка, корисниците на Дневниот центар од општината, дечиња од ранливи категории денеска добија новогодишни пакетчиња од локалната самоуправа на општина Крива Паланка.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски, во придружба на Дедо Мраз ги посети најпрвин најмалите жители на општината, во градинката и им посака среќна Нова година.

– Дарувањето подароци за најмалите и најмили жители на градот е задоволство кое ни ги исполни срцата ова утро. Посакувам секој миг од нивните животи да биде исполнет со убавини и радост, здравје и добра мисла, со просперитет и исполнети соништа и желби, рече Мицевски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко ќе добие уште еден мандат во Крива Паланка

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка