Во два воздушни напади на арапската коалиција, предводена од Саудиска Арабија, во еден ден се убиени 68 цивили во Јемен, изјави денеска хуманитарниот координатор на ОН во Јемен Џејми Мек Голдрик.
Во првиот воздушен напад во вторникот, погоден е „прометен народен пазар“ во покраината Таез и убиени се 54 цивили, меѓу кои осум деца, наведе Мек Голдрик. Вториот воздушен напад беше изведен во црвеноморското пристаниште Ходеида, убиени се 14 лица од исто семејство.