Учениците од Чегране организираа „Годишен пазар”

Од:

Учениците, родителите и наставниците од Основното училиште „Перпарими” ја реализира активноста наречена „Годишен пазар”, при што заеднички имаа подготвено традиционални јадења и творби, кои беа изложени за продажба на пазарот.
Директорката на училиштето, Зеќије Муслиу вели дека целта на оваа активност е да се мотивираат учениците, во соработка со родителите и наставниците да се едуцираат за тимска работа и градење на вештини за претприемништво.

„Ние како управа, заедно со наставниот кадар на училиштето максимално се ангажираме да организираме што повеќе воннаставни активности, бидејќи сметаме дека ваквите активности се можеби и поважни од редовната настава, затоа што на овој начин учениците се социјализираат и се оспособуваат за живот. Со дополнителни активности, учениците ја избегнуваат можноста да станат жртви на девијантните појави кои се јавуваат во општеството. Со конкретната активност, имаме за цел да ги мотивираме учениците, да во соработка со родителите и наставниците, се едуцираат за заедничка работа и градење на нивните вештини за претприемништво”, вели директорката Зеќије Муслиу.

Од учичиштето велат дека имаат за цел оваа активност да стане традиционална и да се одржува еднаш годишно.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија