ЛДП: Утре ќе бидеме дел од големиот марш на вистината, слободата на мислењето и говорот

Од:

Медиумскиот мрак што опасно се надвисна над Македонија и сериозно се заканува до крај да ја угуши секоја светла точка на вистината, мрак во кој царува лагата и медуимската манипулација со народот се дијаметрално спротивни на принципите на Либералната демократија.

„Ако до пред некое време власта беше скриен надзорник на јавниот сервис кој го претвори во сопствена филијала, како и на неколку телевизии и весници чии сопственици се нејзини коалициски партнери, последниве недели сруши уште еден бастион кој во етерот емитуваше објективни информации“, стои во соопштението на ЛДП.

„Владата како единствен финансиер на медиумите, се повеќе господари со нив: се отпуштат непослушните новинари, се укинуваат емисии експресно и преку ноќ се ставаат под влијание на луѓе познати како уништувачи на медиумите. Селекцијата на информациите веќе не се прави во студијата туку во партиските канцеларии и кабинети па така наместо проблемите кои се од суштинско значење за државата и народот меѓу првите вести е шеговитата појава на министерот Ставревски на пресот во кафуле, каде изјавува дека на моторџиите и ја намалуваат цената на зелените картони.Медиумите можат да бидат продолжена рака се додека не се свртат против оној што ги гуши. Режимот на еден од последните диктатори Михаил Саакашвили во Грузија падна по десет години, откако новинарите токму од неговата телевизија први одбија да емитуваат лаги и го стемнија екранот. Кога конечно на 2 октомври 2012 година се осветли екранот, првата слика беше неговата, како го признава својот пораз“, укажува ЛДП.

ЛДП, велат, секогаш ќе застане против агитаторите и подјармувачите на медиумите затоа што силата на медиумот не е само во она што го објавува туку и во она што го премолчува. Криењето на вистина далеку од очите на јавноста е злосторство еднакво на пласирањето на лаги и клевети.

„Токму поради тоа сакаме да им порачаме на властодршците дека со секое затварање на медиум и укинување на емисии се отвараат нови врати преку кои на народот ќе му биде пласирана ви8стината која не смее да остане скриена. Само да ги потсетиме гробарите на слободата на медиумите дека апсолутен мрак не постои, секогаш проблесокот на вистината ќе излезе на виделина.Утре, ЛДП ќе биде дел од големиот марш на вистината, марш на слободата на мислењето и говорот, марш кој ќе заврши пред Македонската Телевизија, пред она што треба да биде јавен сервис на граѓаните, а застана на страната на власта на штета на народот што ја плаќа. Ќе се спротиставиме на она што е општествена опасност и морален прекршок, што ја спречува и деформира точната, објективната, потполна и благовремена информација и наместо неа, на народот му презентира лага, прикриена вистина, ја искривува реалната слика на нештата во име на конструирана реалност, оперира со полувистини, самоволно ги филтрира изворите на информации.За нас мировниот марш во сабота и сите наредни што ќе ги организираме против владината окупација на етерот, ќе биде марш во колоната на вистината“, велат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

Средба Зајкова – Кос: Македонија мора да биде подготвена како Исланд за членство, а ЕУ да биде искрена, брза и креативна во поддршката

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991 година до денеска

Предраг Петровиќ

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

ЛДП: Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и други големи објекти