Заев: Никој кој што чесно си ја заработува платата нема да биде отпуштен

Од:

Владата нема намера да отпушта работници и никој кој чесно работи и си ја заработува платата нема да биде избркан, порача премиерот Зоран Заев и посочи дека сите треба редовно да доаѓаат на работа.

Тој одговарајќи на новинарско прашање дали и зошто од работа во Владата се отпуштаат Роми кои претходно биле вработени, рече дека има само предлози за отказни решенија. Најави дека ќе има средба со нив меѓу Нова година и Божик и оти ќе се обиде да им појасни дека согласно законот ако некој не се појави на работа три последувателни денови треба да добие отказ.

– Сега со овие предлози за отказни решенија повторно закажавме состанок меѓу Нова година и Божик. Јас ќе се видам со луѓето лично да им кажам дека ако земаат плата мора да доаѓаат на работа. Тоа се наши граѓани, јас не ги делам на Македонци, Роми, Албанци и Турци. Мора да доаѓаат на работа и чесно да си ја извршуваат работата за која граѓаните преку даноците ги плаќаат, рече Заев.

Би можело да ве интересира

До Владата засега не е пристигнато предлог-решение за правична застапеност, вели Митева

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

ДУИ: Одлуката на ЕУ да ја одвои Албанија од Македонија е најголемиот неуспех за владата

Во Охрид во тек е меѓувладината седница на македонската и на унгарската влада

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост