(ВИДЕО) Стојаноска: За некои живот, за некои отказ

Од:

„СДСМ наместо живот за сите донесе беда за сите. Новите општински власти од СДСМ не отвораат, туку затвораат работни места.

СДСМ без работа остави над 50-тина вработени во институциите под капата на Општина Битола. 50- тина вработени во средните и основните училишта, градинките и другите институции се оставени без егзистенција. Тоа се 50 семејства, тоа се наши роднини, браќа и сестри. За кои нема живот туку беда.

Без работа пред Нова Година остануваат голем број на луѓе од различни делови на државата. Власта на СДСМ во Прилеп без работа остави 20 вработени во ЈП Водовод. 20 луѓе кои се грижеле за оддржување на водоводниот систем во општината сега се на улица.

Власта без работа остави 5 професори од средното училиште во Берово и 1 наставник од основното училиште во градот. 6 образовни работници останаа без работа, а децата во Берово без своите наставници.

Сите овие луѓе од Битола, Прилеп и Берово директно на своја кожа ја чувствуваат политиката на СДСМ за јадење на живи луѓе. И бркање од чистачка до министер.

Ова ли е животот кој го ветуваше СДСМ? Ова ли е еднаквоста и солидарноста?

СДСМ не го интересираат граѓаните. Начинот на кој се однесува власта покажува дека единствена цел им е ослободување на работни позиции, на кои подоцна треба да се вработат луѓе од СДСМ.

Граѓаните не треба повеќе да бидат жртва на власта. Власта мора да престане со праксата на бркање на луѓе од работа. Тоа се луѓе со фамилии, на голем дел од нив тоа им е основен извор на приход, плата од која ја прехрануваат целата фамилија.

Република Македонија не смее да биде заложник на теснопартиски апетити. Граѓаните мора да се ослободат од јаремот на страв кој го имаат од власта. Државата мора да биде еднаква за сите. Граѓаните заслужуваат демократија и владеење на правото“, изјави Дафина Јовановска Стојаноска.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Поставуваме две монтажни гаражи со 900 нови паркинг места

СДСМ: 90% лаги на Орце, од 30 капитални ветувања нема остварено ниту едно

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Филипче во Струга: Да се избориме за држава што не е ничија приватна сопственост

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Контрола врз загадувачите и редовно чистење на дивите депонии

Герасимовски: Инвестиравме над 13 милиони евра во Центар, за градинки, училишта, улици, хигиена