Во првата половина од следната година се очекува првите штитеници од Демир Капија, со кои се работи во претходните четири месеци, да ја напуштат оваа институција и да се згрижат соодветно надвор од институцијата.
Ова го најави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска одговорајќи на новинарски прашања на доделувањето на новогодишите пакетчиња на деца сместени во институции под надлежност на ресорното Министерство.
– Процесот на деинституционализација или процесот на трансформирање на големите нехумани институции е почнато. Во фокусот се децата во „Демир Капија“ и бебињата од Битола како прв излез и потоа ќе се оди група по група и сите да добијат соодветно сместување, рече министерката Царовска и додаде дека ќе се направат обиди големите институции да се трансформираат до 2020 година и да нема ниту една таква.