Новогодишни пакетчиња и театарска претстава за деца во социјален ризик

Од:

Министерството за труд и социјална политика заедно со повеќе општествено одговорни компании обезбедија новогодишни пакетчиња за децата згрижени во институциите и дневни центри под надлежност на ова Министерство. Денеска беа врачени пакетчиња на деца од неколку институции во Скопје, а децата ја проследија и претставата „Зимска бајка“ во Театарот за деца и младинци, каде ги поздрави и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

– Животот на овие дечиња кои ќе ја гледаат претставата е далеку од бајка. Но ние се трудиме со секој чекор да го подобриме нивното живеење и тие да следат и претстави и да добиваат посоодветни услуги од страна на институциите во кои живеат и конечно да добијат потопла и посемејна атмосфера во функционирањето и заштитата на овие деца, изјави министерката.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска