Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Берово ќе приреди прием за членовите на дипломатскиот кор, акредитирани во Република Македонија.
На дипломатскиот прием, кој традиционално се приредува по повод новогодишните и божикните празници, свои обраќања ќе имаат претседателот Иванов и доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот на Република Албанија, Арбен Чејку.
За утре, информираат од Кабинетот на претседателот, е предвидено разгледување на постојаната поставка во Музејот на град Берово, каде ќе се презентира дел од поновата историја на Берово и Малешевскиот регион, додека на плоштадот „Димитар Беровски“ ќе се презентираат дел од културното богатство, локалните производи, ракотворби и здрава храна. Воедно ќе биде посетен и манастирскиот комплекс „Св. Архангел Михаил“.
Градоначалникот на Берово Драги Наџински ја поздрави идејата за приемот на претседателот за претставници на диполоматксиот кор.
– Сметам дека тоа е добра практика, да излезат надвор од нашата престолнина, надвор од Охрид и да видат дека во Република Македонија има и други убавини кои верувам дека се оплеменети од наша страна и сме подготвени тоа да им го презентираме на амбасдаорите, изјави Наџински.