Арбен Таравари го прими шампионот Лабинот Солејмани

Од:

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, го прими во својот кабинет фитнес шампионот на Македонија, Лабинот Солејмани.

Солејмани, во придружба на професорот по физичко образование Бејтула Камбери, му се заблагодари на градоначалникот Таравари за неговото гостопримство и почит кон спортистите и спортските активности.

Градоначалникот Таравари рече дека му е чест да се сретне и да ги поддржи сите оние кои со постигнатите резултати, достоинствено го претставуваат градот Гостивар и нашата земја. Посакувајќи му на Лабинот Солејман уште поголеми успеси во неговата кариера, го увери дека ќе ја има поддршката на општината и на градоначалникот.

Инаку, Лабинот Солејмани е 21-годишно момче од Гостивар, кој беше прогласен за победник во македонското првенство „Men’s physic“ во категорија до 23 години. Тој како победник на овој натпревар ја претставуваше Македонија на меѓународни натпревари во Мадрид, Шпанија.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар