Контраверзниот приштински имам Шефќет Красниќи упати апел да не се одбележува новогодишната ноќ бидејќи тоа било „харам“, на само неколку дена пред Нова година. Сличен апел тој имаше и минатата година, кога повика да се бојкотираат новогодишните празници.
– Не прославувајте ја Нова година, не грешете со купување, тоа не е бериќет, што среќа ви носи сечењето елки, немој да ги украсувате вашите домови, новогодишната ноќ е иста како и сите други ноќи, порача Краснќи во видео порака пред Нова година и кажа дека расте бројот на албански семејства кои не ја прославуваат Новата година.
Красниќи, кој беше главен имам на најголемата џамија во Приштина, беше притворен за поттикнување врски национализам, помагање на терорзмот и перење пари, откако при претрес во неговот дом беше пронајдена голема количина пари во разни странски валути. По триесет дневен притвор тој беше ослободен.