Доделени мали грантови на локални организации за застапување и истражувачко новинарство

Од:

Во рамки на проектот „Медиа платформа за застапување“, имплементиран од страна на Граѓанската асоцијација МОСТ, денес беа доделени 7 мали грантови за спроведување на заеднички кампањи за застапување на граѓански организации и новинари од Скопскиот, Пелагонискиот, Југозападниот, Источниот и Југоисточниот плански регион.

Целта на повикот беше да ги поттикне граѓанските организации и новинарите да работат заеднички на развој и спроведување на кампањи за застапување кои таргетираат прашања кои произлегуваат од локалните заедници, а се од важност за пристапувањето кон ЕУ.

Финансиска поддршка добија Организацијата на жени на општина Битола, Здружение Центар за лековити билки и шумски плодови Амброзија Пехчево, ЛАГ Агро Лидер Кривогаштани, Македонски центар за одржлив развој и конкурентност Скопје, Прва детска амбасада во светот Меѓаши Скопје, Институт за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ и Здружение за дислексија АЈНШТАЈН Скопје.

Седумте организации добија финансиска поддршка да спроведат проекти во времетраење од 3 до 6 месеци во соодветните региони, на теми поврзани со заштитата на животната средина, заштита на човековите права и правата на социјално ранливите групи, правата на децата, граѓанско учество, како и рурален развој.

Финансиската поддршка има за цел да ја поттикне соработката помеѓу граѓанските организации од една страна и новинарите/медиумите од друга страна, кои преку креираните партнерства и соработка треба да ги надградат своите капацитети и да придонесат во развојот на истражувачкото новинарство во Република Македонија. Ова се вторите мали грантови кои се доделени во рамките на проектот.

Целта на проектот Медиа платформа за застапување е да се даде придонес кон овозможувачка околина за квалитетно истражувачко новинарство и зајакнување на соработката меѓу медиумите и граѓанските организации за зголемување на нивното влијание врз јавните политики и процесот на донесување одлуки.

До сега во рамки на проектот покрај доделените мали грантови, беа одржани 8 обуки во сите плански региони. На обуките учествуваа повеќе од 200 учесници, кои во рамките на 4 дена се запознаваа основите на застапувањето и истражувачкото новинарство, а преку практични примери и вежби се запознаа детално со чекорите во процесот на застапување и креирање на една истражувачка сторија. На обуките беше промовирана и платформата www.getdata.mk, која претставува алатка за новинари и граѓански организации кои работат на истражувања поврзани со корупцијата и владеењето на правото.

Проектот „Медиа платформа за застапување“ е финансиран од Европската Унија, преку преку ИПА програмата за граѓанското општество и медиуми 2014.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел