А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Најзагаден воздухот во Лисиче и кај Ректоратот

by А1он26/12/2017 - 10:4026/12/2017 - 11:45139
Share0

Рекордни 854 микрорами ПМ10 честички биле измерени ноќеска на територијата на Општина Аеродром, при што особено било алармантно во Ново Лисиче каде цело претпладне беше со магла и смог.

Добивај вести на вибер

Граѓаните од овие населби алармирале до надлежните и информирале дека во воздухот се чувствулала смрдеа на изгорена пластика, информираат од еколошките невладини организации. Од коалцијата за чист воздух О2, во која членуваат повеќе невладини здруженија се огласија на социјалните мрежи и ги повикаа надлежните инспекции да реагираат.

„Топол викенд, пријатен ветер, сите мерни станици во зелена зона… и наеднаш петте минути за демоните од Лисиче.

Дрисла ли е, Усје ли е, инцидент, диви погони ли се, ама домаќинства и сообраќај не ќе да се. Затоа инспектори на терен треба да е најитната мерка на надлежните институции, додека да профункционираат сите други сегменти.”, напишаа од О2 на нивната фејсбук страница.

Според резултатите на мерните станици на Министерството за екологија, загадени биле и Општина Карпош и Центар, при што најмногу, 204 микрограми ПМ10 биле регистрирани во делот на Ректоратот. Според екологистите послените мерења алармираат дека воздухот во Скопје е и до четири пати позагаден од дозволените граници.

zagaduvanje

Би можело да ве интересира

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ19/09/2025 - 16:4019/09/2025 - 16:49

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

Предраг Петровиќ13/09/2025 - 20:21

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

Катерина Ѓуровски25/06/2025 - 08:51

Перински: Министерството за локална самоуправа активно се вклучува со конкретни активности за решавање на проблемот со аерозагадувањето

Горан Наумовски22/05/2025 - 17:47

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Катерина Ѓуровски18/02/2025 - 14:11

Апасиев: ДПМНЕ ја блокира надзорната расправа за аерозагадувањето зашто има бизнис релации со загадувачите

Катерина Ѓуровски18/02/2025 - 13:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен