Ѓорчев ниту негира ниту потврдува дали ќе има смена на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

По пишувањата на порталите дека пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски самоволно ја напушта неговата функција координатор и на негово место доаѓа Владимир Ѓорчев, Макфакс контактираше со Ѓорчев, кој ниту ја потврдува ниту ја демантира оваа информација.

„Со конкретен став во однос на прашањето дали ќе има промена на кординаторот на пратеничката група, ќе ве известиме со официјално соопшптение“, рече Ѓорчев.

Макфакс не успеа да стапи во контакт со Илија Димовски, односно тој не одговори на нашите повици.

За потсетување, пратеникот Димовски заедно со неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, со отворено писмо побараа одложување на изборот на нов лидер на партијата. Овие информации доаѓааат непосредно по конгресот кој се случуваше викендов во Валандово.

К.Л.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус