Нуланд: Му помагаме на Нимиц и се надеваме на заемно прифатливо решение

Од:

Се надеваме дека лидерите на Македонија и на Грција ќе најдат заемно прифатливо решение за прашањето за името и ќе ги искористат напорите на амбасадорот Метју Нимиц да постигнат напредок, изјави портпаролот на американскиот Стејт Департмент Викторија Нуланд во врска со посетата на посредникот на ОН на Скопје и на Атина.

Запрашана за улогата на американските дипломати во Скопје и Атина и дали тие помагаат за напредок во разговорите за името, Нуланд на редовниот брифинг во Вашингтон изјави дека САД отсекогаш ги поддржувале напорите на Нимиц за решавање на долгогодишниот спор.

– Кога тој бара од нас да помогнеме, ние се обидуваме да бидеме корисни. Секогаш ги следиме неговите посети на Скопје и Атина, и очекуваме да слушнеме дали има нешто ново, изјави Нуланд.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас