ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон мора да запре, граѓаните заслужуваат правна држава

Од:

„Хунтата на власт по директива на Зоран Заев врши класична тортура, политички прогон, малтретира и затвора политички неистомисленици.

На удар се чесни и искрени патриоти, чиј единствен грев е што си ја сакаат сопствената држава. Десетиците притворени македонски граѓани не се терористи, туку луѓе со реноме, углед, чест, достоинство и долгогодишни кариери кои никогаш не сториле никакво делло кое се коси со законот.

Хунтата продолжува да се изживува со нив и во истражниот затвор. Притворените се оставени на минусни температура во ќелии со мувла во кои што нема греење, а прозорите се распипани.

Ова нечовечно и бездушно постапување на хунтата на власт мора да заврши.

Овој политички прогон мора да запре, граѓаните заслужуваат правна држава, слобода и еднаквост за сите.

ВМРО-ДПМНЕ бара:
1. Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.
2. Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.
3. Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО