Владата на Јапонија донесе одлука да обнови финансирање на УНЕСКО. Финансирањето беше прекинато во октомври 2016 година во знак на протест против одлука на УНЕСКО да стави на листата на светско наследство документи за масакрот во кинескиот град Нанкин во 1937 година.
Сега властите во Токио ја промениле политиката откако оцениле дека намерата на раководството на УНЕСКО во иднина да избегнува прашања што предизвикуваат поитички тензии, објави јапонската телевизија Ен-Ејч-Кеј.