Повеќе фактори влијаат на покачувањето на просечната палта во Македонија, но сепак големо влијание има и покачувањето на минималната плата, оцени министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
– За да растат просечните плати во Македонија влијаат повеќе фактори. Но, секако дека минималната плата и Законот го дадоа резултатот. Јас излегов и со статистиката која што ја извади УЈП дека 88.000 граѓани за разлика од август, во септември добија 12.000 денари плата и тоа ги турна платите нагоре, рече Царовска.
Таа додаде дека очекува и наредната година да се продолжи со развојот најавуван во предизборието бидејќи е важно економијата да се поттурне за конечно да има можност и повеќе да се инвестира во социјалната заштита.
Вчера, Државниот завод за статистика објави дека просечната исплатена нето-плата во октомври изнесува 23.356 денари и е зголемена за четири проценти во споредба со октомври минатата година.