Во Куманово зголемени приходи од наплата на даноци

Од:

Секторот за администрирање приходи, локален економски развој од општина Куманово, информира дека приходите остварени по основ на прибирање даноци и такси од почетокот на годинава до 31 август е во значителен пораст од пет, шест проценти или 4.935.292,00 денари, во однос на истиот период од претходната година.

Општина Куманово до 31 август годинава остварила приходи од 94.274.888,00 денари.

Според раководителот на секторот, Абедин Беќири, поголем раст е постигнат во ставките данок на имот на правни лица и тоа во вкупен износ од 8.955.846,00 денари или 330,2 проценти од минатата година, што според него, е резултат од доставување на опомените за неплатен долг за данок на имот на правни лица.

Раст е регистриран и кај данок на имот на физички лица и во вкупен износ од 6.844.802,00 или 35,2 проценти, данок на промет на правни лица и тоа во вкупен износ од 865.724,00 или 4,6 отсто, а помал раст е постигнат во данок на промет на недвижност за физички лица во вкупен износ од 9.973.755,00 поради тоа што во третиот квартал имало застој во работата со решавање на продолжување на градоначалничкиот мандат.

Би можело да ве интересира

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка