„Новогодишни празнувања“ во Крива Паланка

Од:

Во пресрет на новогодишните празници локалната самоуправа на општина Крива Паланка организира повеќедневна манифестација „Новогодишни празнувања“.

Hастаните ќе се одржат во соработка со кулурните институции од општината, Локалната установа Градски музеј и Национална установа Центар за култура, а ќе започнат на 28 декември со театарската претстава „Дедо Мраз дојде и кај нас“ во НУ Центар за култура.

Претставата е во режија на Глигор Цветковски, а ќе ја изведат членовите на Драмското студио. Истиот ден, во вечерните часови ќе се одржат изложба и џез концерт насловени „Сите бои на џезот – 2“ во просториите на градскиот музеј со почеток во 20 часот.

Настанот ќе се одржи во соработка со Центар за аудио-визуелни уметности, Крива Паланка, на кој ќе настапи дуото Лина и Гордан, додека „Џез импресии“ ќе опфати фото-видео-арт –перформанс со дела од кривопаланечките уметници Роберт Цветковски, Ѓорги Костовски, Стојанче Величковски, Кирила Цветковска и Стефан Јакимовски.

На 29 декември, петок, на плоштадот „Карпошово востание“ на пладне ќе се одржи детски концерт „Новогодишни снежни ноти“ со Мартија Стојановиќ како специјален гостин, а вечерта гостува „Црвена јабука“ сопредгрупа „ Мозаик“.

Од локалната самоуправа ги повикаа сите граѓани на општините од Североисточниот регион, но и од цела Македонија, во екот на предновогодишната атмосфера да присуствуваат на настаните од културата кои општината ги нуди и да уживаат во празнувањата.

Покровител на манифестацијата „Новогодишни празнувања“ е „Минстрој“, компанијата која стопанисува со рудниците за олово-цинкова руда во Кривопаланчка Тораница.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко ќе добие уште еден мандат во Крива Паланка

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка