На денешното рочиште за предметот „Труст“ во кој обвинет е бизнисменот и сопственик на телевизија „Нова“, Сеад Кочан, ќе бидат пуштени прислушувани разговори кои се дел од доказите на Специјалното јавно обвинителство.
Откако Апелацискиот суд одлучи дека „бомбите“ ќе може да се корстат како докази, денеска во судницата ќе бидат пуштени три прислушувани разговори од кои два не се јавно објавени.
Освен Кочан, во предметот се обвинети и Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ. Според обвинението, тие со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.