ТВ Сонце ја укина емисијата Аналитико на Саше Ивановски.
Вели дека ова го очекувал, дури и не ги потпишувал договорите со спонзорите.
„Зарем не гледаат дека исто така мракот ги изеде и Роберт Поповски, Оливера Трајковска, Александар Чомовски и многу други.Оваа држава ги живее најцрните времиња, се надевам дека бргу ќе ја пребродиме оваа голгота и ќе раскажуваме за едни темни, гадни времиња, и ќе раскажуваме колку сме биле храбри. Јас не се каам што ќе живеам малку поскромно, наместо како некои новинари да земам 4000е плата ќе живеам уште некое време скромно со приходите од мојот сајт www.maktel.mk и од ангажманот во радио Канал 77 но честа не ја продавам има и оваа држава многу чесни луже не сум само јас“, вели Ивановски.
Аналитико, вели, како ТВ Продукт продолжува и понатаму. Ќе се снима и емитува скеој ден на локалните телевизии во Струмица, Куманово, Штип, Охрид, Битола и Прилеп. Се надева и на договор со некоја скопска телевизија.