„Стоп за говорот на омраза” – наградени најдобрите дела

Од:

Во средното техничко училиште во Гостивар денес беше отворена изложбата на слики од средношколци, на тема „Живеј во хармонија со другите“.

Активноста е дел од превентивно-едукативниот проект „Кажи НЕ на говорот на омраза“, чии носители се Отсекот за превенција на СВР Тетово и ОБСЕ, во соработка со гостиварската локална самоуправа.

На изложбатa се најдоа дваесетина слики од ученици од сите гостиварски јавни средни училишта.

„Толеранцијата меѓу различните етнички групи е многу деликатна тема. Ние како гостиварци ја негуваме, а треба и пред младите да покажеме колку е таа важна. Токму тоа е и целта на оваа изложба“, рече Аслијан Снопче, од Секторот за образование на општина Гостивар.

На отворањето на изложбата се обрати директорот на техничкото училиште, Гајур Изаири, кој нагласи: „Некогаш и несвесно може да кажеме некоја реченица или збор со кои ќе навредиме некого. Сликите на учениците носат силна порака за тоа што е говор на омраза, а што разбирање и толеранција“.

Авторите на најуспешните дела, по избор на посебна комисија добија пригодни награди и признанија од организаторите.

Претходно, во рамките училиштата беа организирани работилници и предавања.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар