(ВИДЕО) Бабиќ: Стевананџија е лажен патриот!

Од:

„Господине, мислам дека презимето Ви е Стевананџија, го проследив вашиот прес и воопшто не сум изненаден од она што го кажавте. Повикувате Прилеп да се огради од некои обраќачи кои говорат за идиоти и за крв“, рече актерот Милан Бабиќ на граѓанскиот парламент во Прилеп.

Во еден од нив се препознав… и веднаш ќе ви кажам да не се обидувате да вадите од контекст зборови. Впрочем тоа е и вашиот стил. Не, не ве преценувам, мислев на ДПМНЕ. Убав прес, слаткоречив, арно ама сакам да ве прашам вам лично. Зошто бевте еден од оние пратеници кои гласаа за хашките случаи? Зошто господине Стевананџија? Зарем меѓу убиените десет прилепчани не познававте никого, па баш ви е гајле!!! Зошто глумите патриотизам, а од друга страна сте послушен војник на вашата партија?

Ме обвинувате дека повикувам на крв, а зарем малку крв пролеавте во 2001 во фингираната, ушким, војна? Тогаш ја пролеавте крвта за какви цели господине Стевананџија? Ако во жарта на моето обраќање сум споменал, а знам што сум кажал, крв ја споменав во фунција на спас на Македонија, а не во ситни профитерски цели.

Немојте да ме поистоветувата со Вас, јас сум само обичен граѓанин, а не необичен како Вас кои без срам и перде го покажаа својот патриотизам и домољубие со давањето на гласот за амнестија.
Го дадовте гласот и против интерпелацијата на владата, што ќе рече дека и Вие се поклонивте пред некои гробови. Подготвен сум да дебатирам со вас, се до изборите кога неопределените како мене ќе си го кажат своето. И престанете да ја извртувате вистината, гревота е и срамота.

Би можело да ве интересира

Турските власти наредија притвор за членови на опозициската партија во Истанбул

Горан Наумовски

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница