Се пробива алтернативен пат до село Костур во Крива Паланка

Од:

Во Крива Паланка во тек се градежни активности за пробивање алтернативниот пат до селото Костур, каде интензивните врнежи од дожд на почетокот на месецот направија големи штети и свлечишта.

Од локалната самоуправа информираат дека во завршна фаза се активностите на терен.

– Од неодамнешните врнежи оштетени и онеспособени за сообраќај беа двата постоечки пристапни мостови што водат до селото. Како последица на тоа, локалното население кое живее во овој дел на општината беше оневозможено да стигне до домовите и градот. Со цел да извршат санација на штетите стручни лица од општинските служби веднаш по поплавите излегоа на терен, ги констатираа состојбите и превземаа низа технички мерки за разрешување на пробемите, информираат од општината.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот