Општина Крива Паланка распиша конкурс за најубаво новогодишно и божиќно украсување

Од:

Локалната самоуправа на општина Крива Паланка распиша конкурс за најубави новогодишно и божиќно украсени деловен објект и стамбен објект во општината, а предвидена е парична награда од по шест илјади денари за победниците во двете категории.

Предлозите и пријавите за конкурсот треба да се достават најдоцна до седми јануари 2018 година, во писмена форма до архивата на општината, како и во електронска форма, на [email protected].

По завршување на рокот за достава на предлози комисија од администрацијата вработена во општината ќе направи обиколка и ќе изврши увид во објектите, со фото и видео-документација, по што на десетти јануари фотографиите ќе бидат доставени на веб-страната на општина Крива Паланка и во рок од седум дена сите граѓани ќе можат да гласаат за предлозите и да ги изберат најубавите и најдобро-украсени објекти.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко ќе добие уште еден мандат во Крива Паланка

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка