ВИДЕО: Владите на Македонија и Германија потпишаа спогодба за финансиска соработка 2017 година

Од:

Денеска, во Владата на Република Македонија, неговата екселенција, амбасадорот на Сојузна Република Германија Томас Герберих и министерот за финансии, Драган Тевдовски, ја потпишаа Спогодбата меѓу Владата на Р. Македонија и Владата на СР Германија за финансиска соработка 2017 година.

Спогодбата опфаќа реализација на два клучни проекти: Програма за наводнување на јужната долина на реката Вардар фаза 2 и Програмата за водовод и канализација фаза 2, чии договори за финансирање исто така беа потпишани денеска од страна на корисниците на грант средствата кои воедно се имплементатори на двете значајни програми.

„Најсилна потврда дека успешната соработка помеѓу нашите земји продолжува и во следниот период е денешниот настан каде Германската влада преку КфВ банката доделува 9 милиони евра неповратни финансиски средства за реализација на две значајни развојни програми за Република Македонија. Тоа се програмата за водовод и канализација и програмата за наводнување на јужната долина на реката Вардар“, истакна министерот Тевдовски.

Неговата екселенција, амбасадорот Герберих, истакна дека водечка идеја на германската политика кон Република Македонија е поддршката на евроатлантската интеграција на земјата, како и поддршката на потребните реформи на ова поле.

„Во оваа смисла, Германија не е само најзначајниот трговски партнер на Македонија со годишна билатерална трговска размена од речиси 3 милијарди евра, која постојано расте. Македонија е исто така и партнер на развојната соработка. Досега Германија стави на располагање 320 милиони евра за Македонија, главно за инвестиции во јавната инфраструктура, како санација и проширување на системите за водоснабдување и канализација, како и модернизација на земјоделските системи за наводнување“, истакна Герберих.

„Денес ја потпишавме Спогодбата за финансиска соработка 2017 за понатамошна финансиска поддршка во ова поле во висина од вкупно 9 милиони евра“, потенцира амбасадорот Герберих.

Со потпишување на договорот за финансирање на Програмата за наводнување на јужната долина на реката Вардар фаза II, се обезбедуваат грант средства во вкупен износ од 4 милиони евра. Истиот денеска беше потпишан од страна на Министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Љупчо Николовски и директорот на КфВ за Македонија, Рене Ешеман.

Министерот Николовски пак изјави дека потпишувањето на договорот е од витално значење за македонското земјоделство.

„Се работи за проект чија што основна цел е да ги подобри условите за живот на населението во јужната долина на реката Вардар, преку одржливо управување со природните ресурси особено водните ресурси, што крајно ќе придонесе кон зголемување на просечниот интензитет на засаденост и зголемување на приносите на главните култури. Со оваа програма ќе бидат изградени и модернизирани системи за наводнување на вкупна површина од околу 7 илјади хектари, кои ќе им бидат од корист на земјоделците, кои имаат земјоделски обработливи површини во јужната долина на реката Вардар“, рече министерот Николовски.

Во рамки на спогодбата денеска беше потпишан и договорот за финансирање на Програмата за водовод и канализација фаза 2. Договорот го потпишаа министерот за финансии, директорот на КфВ во Република Македонија, министерот за транспорт и врски, градоначалникот на општина Кавадарци, директорот на ЈКП „Комуналец“- Кавадарци, градоначалникот на општина Гевгелија и директор на ЈКП „Комуналец“ – Гевгелија.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески рече дека целта на Владата, а воедно и програмска определба е обезбедување на високо ниво на покриеност на територијата на РМ со водоводна и канализациона мрежа.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница