ВИДЕО: Отворена новата полициска станица во Ѓорче Петров

Од:

Градоначалникот Петре Шилегов и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска свечено го пуштија во употреба новиот објект на ПС „Ѓорче Петров“, во кој ќе биде сместен и дел од Бригадата за протривпожарна заштита. Шилегов и Спасовски потпишаа и меморандум за заедничко користење на современата ТЕТРА комуникациска платформа.

Во своето обраќање, градоначалникот ја потенцира важноста на денешниот настан, со кој полициската и противпожарната станица во Ѓорче Петров конечно го добија долго очекуваниот нов објект. Објектот е изграден по теркот на современите архитектонски трендови и функционалност, согласно намената на објектот, а истовремено целосно се запазени и потребните безбедносни стандарди.

Со површина од 1.400 метри квадратни објектот опфаќа сутерен, приземје и два ката. Противпожарната станица во новиот објект има на располагање простор од околу 600 метри квадратни, каде што можат да се сместат три противпожарни возила, а тука ќе бидат сместени и вработените во оваа станица.

Објектот нуди подобри услови за работа на Територијалната противпожарна единица и подобро сместување за возилата со што граѓаните добиваат побрзи и поефикасни интервенции во случај на пожар. Оваа противпожарна единица ги опслужува жителите на Скопје од општините Ѓорче Петров, Сарај и дел од Карпош. Денеска го потпишуваме и меморандумот за соработка меѓу МВР и Градот Скопје за користење на современата ТЕТРА комуникациска платформа. Со овој меморандум се утврдуваат начинот и условите под кои ќе се користи оваа платформа на МВР од страна на Градот Скопје како корисник за време на пробниот период. Наша заедничка цел е органите кои се надлежни за комуникација во итни случаи да ја користат истата мрежа, првенствено за да им овозможат на граѓаните брза, ефикасна и интегрирана служба за итни случаи. Со тоа на еден индиректен начин работиме и на подигнување на нивото на безбедноста на граѓаните и нивните имоти која влегува во врвот на приоритетите на новата градска администрација – рече денеска градоначалникот Шилегов.

Министерот Спасовски од своја страна го истакна значењето на изградбата на овој објект кој е од голем интерес за безбедноста и заштитата на граѓаните, но и за подобрување на условите за работа на припадниците на полицијата. Особено значајно е што овој објект, вреден 44 милиони денари, е во суштина изграден од средства кои се заштедени во буџетот – посочи министерот Спасовски.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски го истакна значењето на новиот објект и институциите кои се сместени во него за граѓаните на општината и најави дека во нивен интерес ќе ја продолжи соработката со институциите во реализација на проекти кои ќе ги подобрат условите за живеење.

На крајот, градоначалникот Петре Шилегов ги обиколи просториите каде што е сместена Територијалната противпожарна единица и разговараше со старешините и пожарникарите за подобрување на условите за работа.

Би можело да ве интересира

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево