Хуманитарна акција за деца од загрозени семејства во Делчево и Скопје

Од:

Делчевските средношколци предновогодишно ќе израдуваат деца од маргинализирани семејства од Делчево и Скопје во рамките на новогодишната хуманитарната акција за помош на 150 семејства, организирана од скопското Здружение за заштита и помош и унапредување на статусот на маргинализираната група граѓани „Градиме иднина во Скопје“.

Како што истакна педагогот на СОУ „М.М.Брицо“, Дијана Цонева, освен скопски семејства, дел од собраните средства ќе добијат и децата со посебни потреби во Делчево и семејства кои живеат на социјалното дно во овој град.

– Во акцијата учествуваа и вработените од училиштето, а свои средства и производи донираа повеќе институции во градот. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите кои ја помогнаа хуманитарната акција која има една единствена цел да се разубават новогодишните празници и на децата кои живеат во сиромашни семејства во Делчево и во Скопје, рече Цонева.

Би можело да ве интересира

Хуманитарниот велеслалом Маврово 2024 годинава за поддршка на лекувањето на младиот Леонид Индов

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Ацт Македонија со повик за приклучување во хуманитарната акција

Одржан вториот Ласер ран, донирани средства за лекување на малиот Леонид

Семејството на Кико донираше половина милион денари за респиратор малиот Стефан

Катерина Ѓуровски

Во сабота во спортската сала „Кале“ забава и кошарка во хуманитарни цели

Горан Наумовски