„Во текот на вчерашниот ден на уредно најавен и уредно организиран протест од страна на ВМРО-ДПМНЕ и подржувачите и граѓаните на Република Македонија, на протест на Табановце на клучката Скопје се случи една полициска невидена бруталност каде што едно лице беше приведено и неправно задржано во полициската станица без никакви правни основи.
Денеска се собравме тука да го изразиме овој револт против полициската бруталност и против се она што се случуваше од страна на полициските сили и воедно апелираме и бараме од Судот веднаш да биде ослободено лицето кое е долгогодишен член и активист и виден граѓанин на овој град Куманово.
Значи уште еднаш потенцирам лицето е неправно задржано во полициската станици и нема никакви причини и аргументи од они кои што се изнесуваат во јавноста“, изјави Марио Цветковски, ВМРО-ДПМНЕ.
