Звер: Бојкотот на опозицијата штетен за Македонија

Од:

Словенечкиот европратеник Милан Звер смета дека бојкотот на работата на македонското Собрание од страна на опозицијата само дополнително ќе го отежне патот на Македонија кон ЕУ и ќе им даде можност на противниците на земјата да го искористат тоа против неа.

– Последните политички настани во вашата земја предизвикуваат загриженост за сите нас кои ве поддржуваме на вашиот многу тежок пат кон европска интеграција. Во демократско општество како вашето секој вид опструкции на работата на националното Собрание е контрапродуктивно и многу штетно за напредокот како и за имиџот на вашата земја. Вашите противници нема да штедат ни напори ни време за да ја искористат ситуацијата и уште повеќе да го отежнат вашиот напредок кон ЕУ, вели европратеникот Звер во изјава за МИА.

Затоа, како што вели, ги повикува сите инволвирани страни да ја смират ситуацијата, да покажат политичка зрелост и да се обидат да ги решат проблемите на мирен, демократски начин и политички дијалог.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски