СЈО отвори уште една истрага „Транспортер 2“ која продолжение на случајот „Транспортер 1“, а се однесува на злоупотреби со превоз на ученици во Битола во периодот од 2009 до 2011 година.
И во оваа истрага осомничен е поранешниот градоначалник на Битола, секретарот на општината, но и тројца директори на основни училишта. Во случајот се води истрага против десетмина осомничени, а вкупната причинета штета со направените злоупотреби во „Транспортер 2“ изнесува 1.873.583 денари.
Според СЈО, постои сомнеж дека поранешниот градоначалник заедно со директорите прибавиле имотна корист за пет превозници. Тие се сомничат за злоупотреба на службена должност, а превозниците се осомничени како помагачи.
К. Ландов