ДУИ, СДСМ и РДК да ги спречат опструкциите против функционирањето на општина Гостивар

Од:

Њомза Шаќири, во својство на координатор на советничките групи на Алијансата за Албанците, Движењето Беса, Движење за национално единство на Турците и на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција се изјасни пред граѓаните во врска со вчерашната седница на Советот на Општина Гостивар, при што ги обелодени опструкциите од страна на советниците од редовите на СДСМ, ДУИ и НДПпротив нормалното функционирање на Општината.

„На вчерашната седница едногласно беше отфрлен записникот од конститутивната седница од 17 ноември, со што седницата по автоматизамтребаше да се одложиза друг ден. Но, советничките групи на ДУИ, СДСМ и НДП одлучијатаа да продолжи и да ја водат нелегитимно избрани”, истакна г-ѓа Шаќири.

Таа објасни дека втората опструкција, која многу ги засега интересите на граѓаните на Гостивар бешенегласањетода на дневен ред влезе предлог-одлуката за прераспределба на средства во буџетот на Општина Гостивар за 2017 година, со што се оневозможува исплатата на плати на вработените во образованието.

„Она што мислиме дека треба да им се разјасни на граѓаните е присуството на полициски сили околу општинската зграда. Полицијата не беше повикана од страна на градоначалникот, а беа присутни на двете седници на советот. Ние не сме му се заканилена никого, не сме уценувале никого и цениме дека Советот е орган каде што народните избраницитреба слободно да ги искажат своите ставови, па затоа не знаеме кои се мотивите што некој вика полиција“, рече во продолжение координаторката на советничката група на АА, Нјомза Шаќири.

Таа побара од оние кои што викаат полиција кога се одржуваат седниците на Советот, да излезат јавно да ги запознаат граѓаните за мотивите.

Би можело да ве интересира

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

Тројца работници од Гостивар се повредиле на градежен објект

Во Гостивар водата не е за пиење, во Тетово има рестрикции

Катерина Ѓуровски

Двајца жители на Врапчиште нападнале судија од Гостивар, се бара пртивор

Водата во Гостивар не е за пиење, откриена е бактеријата ешерихија коли