Македонските полицајци ќе се обучуваат за хуман третман на мигранти

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со шефот на Регионалната канцеларија на Меѓународниот комитет на Црвен крст, г-ѓа Јелена Стијачиќ.

На средбата стана збор за нерешените случаи на исчезнати лица од 2001 година, за ситуацијата во Република Македонија со странските борци и повратници од конфликтни региони, како и за состојбата со легалната и нелегалната миграција во земјата.

Меѓу другото, беа дадени и предлози за ангажирање на експерт преку Црвениот крст за обучување на полициските службеници за хуман третман на мигранти. Истовремено, од Меѓународниот комитет побараа поддршка од Министерството за внатрешни работи во однос на законот за црвен крст, на кој моментално работи Црвениот крст на Република Македонија.

На средбата беше нагласена одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

Во акција на МВР и АНБ: Запленето електронски докази, оружје и куршуми

Нападнат полицаец на Водно

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани