Во изборот на Би-Би-Си за „Спортист на годината“ на Велика Британија оваа година беше избран светскиот шампион на 10.000 метри Мо Фарах.
Тој изјави дека е изненаден од огромната чест.
– Да, јас сум шокиран, па затоа не подготвив говор. Неверојатно е, не можам да престанам да го гледам трофејот. Сето тоа го должам на публиката. Воопшто не верував дека ќе ја освојам оваа награда, иако во минатото бев прилично блиску. Кажував дека е многу тешко да бидам на тронот, бидејќи во последните десетина години сум бил трет, четврти … Навистина имам голема среќа да ги постигна овие успеси низ годините, рече британскиот атлетичар.