Инцидент во Велика Британија: Седум лица се во болница поради „хемиски инцидент“

Од:

Седум лица биле итно пренесени во болница по „хемиски инцидент“ во Дагенхам, Велика Британија, додека полицијата евакуирала голем број домови.

Имено, во текот на ноќта неколку лица имале проблеми со дишењето, а како што сметаат надлежните овој настан се случил откако пукнал аквариум и истекла вода.

Со оглед на тоа дека во аквариумот имало и корали, постои сомневање дека водата е затруена.

Персоналот за вонредни состојби испрати тимови за одговор при итни случаи на местото на сомнително истекување на хемикалија во Дагенхам, источен Лондон, во саботата вечерта, откако неколку жители на Врен Роуд пријавиле тешкотии со дишењето, пренесува Метро.

Лондонската служба за брза помош соопшти дека испратила неколку екипи по панични повици од преплашените жители.

„Одговоривме заедно со колегите од лондонската противпожарна бригада. Седум пациенти се хоспитализирани“, се вели во соопштението на истражителите.

Некои видови корали како што се Zoanthids, популарни меѓу ентузијастите на морските аквариуми, може да содржат палитокин. Овој отров е опасен по здравјето и изложеноста може да доведе до опасни по живот последици.

Би можело да ве интересира

Мајка и ќерка пронајдени мртви во нивниот дом во тетовско Слатино

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент во Шангај – Димитров нападна навивач

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

Три жени ранети во престрелка во Англија

Скопјанка пронајдена почината во училиште, скопјанец во семејниот дом, телата на обдукција

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП