Анѓушев и Бектеши на средба со унгарскиот министер Сијарто: Со заедничка работа до повисока економска соработка

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев и министерот за економија, м-р Крешник Бектеши се сретнаа со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Н.Е. Петер Сијарто.

На средбата се разговараше за интензивирање на економска соработка помеѓу двете земји, пришто е констатирано дека постои голем простор за зголемување на истата.

Вицепремиерот Анѓушев го информираше министерот Сијарто дека Владата во многу скоро време ќе донесе документ, којшто ќе претставува нова Владина програма за економски развој , кадешто ќе бидат инкорпорирани сите мерки за поддршка на домашните и странските компании.

„Кога ги креиравме мерките од Планот за економски раст, се водевме тие да овозможат намалување на невработеноста и подобар животен стандард на граѓаните на Република Македонија. Владата ќе овозможи поддршка од 20% од нето платата, на компаните кои ќе исплаќаат 50% повисока плата од минималната, со која ќе се поттикне растот на просечните плати. Воедно за секоја нова инвестиција ќе обезбедиме 10% поддршка од инвестицијата и дополнителни 10% доколку инвестицијата се однесува за зголемување на конкурентноста на странски пазари. За да мерките се реализираат со предвидената динамика потребно е да биде обезбедено владеење на правото, инвеститорите да се чувствуваат сигурни за направените инвестиции, како и стабилна политичка состојба во државата “, истакна вицепремиерот Анѓушев.

Министерот Сијарто изрази интерес за проекти од енергетскиот сектор, како и во проекти за управувањето со водните ресурси.

Министерот за економија м-р Крешник Бектеши ја истакна потребата за одржување на четвртата по ред Мешовита комисија помеѓу Република Македонија и Унгарија, во првата половина на 2018 година.

„Потребно е интензивирање на соработката во сите области, особено во туризмот помеѓу двете земји, за да се зголеми бројот на унгарски туристи во Македонија и македонски во Унгарија. Енергетиката останува една од главните области за поинтензивна соработка, а спремни сме да им пружиме севкупна помош на унгарските компании кои се заинтерсирани да инвестираат во Македонија, во слободните економски зони и вон нив“ изјави министерот Бектеши, информирајќи дека Мешовитата комисија од македонска страна ќе ја предводи државниот секретар на министерството за економија Зоран Павловски.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

A1on

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

A1on

Бектеши: Победата во ДУИ не се дискутира, со СДСМ не сме блиску до договор за коалиција

A1on

Бектеши: Одлуката за продолжување на рокот на замрзнатите цени дава простор Собранието да го усвои новото законско решение за нефер трговски практики

Бектеши: До 1 јули субвенции од Владата преку ЕСМ, нема зголемување на цената во првиот и вториот блок

Горан Наумовски

Бектеши: Барањето за проширување на капацитетот за гас е согласно регулативите на ЕУ