Бектеши: Барањето за проширување на капацитетот за гас е согласно регулативите на ЕУ

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека барањето за проширување на капацитетот за гас е принциопиелно согласно регулативите на Европската Унија и процентот колку се користи во моментов и оти со тоа ќе се добијат поконкурентни цени и за индустријата.

Одговарајќи на новинарски прашања, во однос на најавата за повлекување на бугарската такса за транзит на руски гас и барањето за проширување на капацитетите, Бектеши порача граѓаните да бидат спокојни бидејќи е обезбеден природен гас за топланите во државава.

-Повеќето мислеа дека Северна Македонија или Министерството за економија се шегува кога се спротивстави на таксата. Се земаа изјави на мојот колега Асенов за кои испадна дека не се точни. Прво, тој не знаел какви одлуки носел за да може да ги имплементира. Тоа што го кажавме ние како аргументи во Европската комисија, граѓаните да бидат спокојни обезбеден е природен гас за топланите во нашата држава, ќе биде снабдуван со топлинска енергија градот Скопје во текот на целата грејна сезона. Проширувањето на капацитетот е принципиелно барање согласно регулативите на ЕУ и согласно процентот колку тој гасовод во моментот се користи. Имаме простор од 45 до 50 отсто да се прошири тој капацитет, да се зголеми конкурентноста и да се добијат поконкурентни цени и за индустријата, освен за тоа што ги добиваме за потребите на топланите, рече Бектеши.

Бугарија, како што појасни, ни направи проблем во делот на капацитетите заради тоа што имаат долгорочен договор со Газпром. Но, за потребите на топланите ниту Бугарија ниту Руската Федерација, ниту една држава во светот, не може да ни направи проблем заради тоа што сме ги направиле сите подготовки навреме.

-Денес, кога се воведуваат такси, одредени капацитети и неможности, ние без никаков проблем и пречки се снабдуваме. Тоа секако е заслуга и на нашите стратешки партнери и за потребите на топланите имаме 150 милиони нормални метри кубни. Но, индустријата треба да има конкурентност. Индустријата треба да има можност да бара подобри понуди, а не да има само една понуда на наша компанија лиценцирана за снабдување со природен гас која има долгорочен договор, во овој случај со Гаспром, рече Бектеши, по учеството на настанот по повод 10 години од основањето на Фондот за иновации и технолошки развој.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов

Бектеши: Победата во ДУИ не се дискутира, со СДСМ не сме блиску до договор за коалиција

Орце Костов

Бектеши: Одлуката за продолжување на рокот на замрзнатите цени дава простор Собранието да го усвои новото законско решение за нефер трговски практики

Бектеши: До 1 јули субвенции од Владата преку ЕСМ, нема зголемување на цената во првиот и вториот блок

Горан Наумовски

Бектеши: Цената на струјата нема да се зголеми од 1 јануари