Димитров: Разговорите за името ќе продолжат по празниците

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров изјави дека разговорите за прашањето за името со Грција ќе продолжат во периодот по празниците.

– По подолга пауза од три години имавме прва средба на преговарачите со медијаторот Нимиц. Договорена е следната да биде по празниците во јануари така што не би требало да се очекува некакво посебно случување во периодот на празниците. Поставена е сцената, процесот е отпочнат, динамиката е воспоставена, меѓутоа нема ништо поново да се случи додека траат празниците, рече Димиторв на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со неговиот унгарски колега Петер Сијарто кој се наоѓа во посета на Македонија.

Тој беше прашан за изјавата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова дали е во духот на добрососедството тоа дека 70 илјади Македонци кои добиле бугарски пасоши се Бугари. Димиторв одоговори дека го нема видено нејзиниот коментар, а како одговор ја посочи потребата од брза интеграција во ЕУ.

– Вистинското решение како да се справиме со тоа што наши државјани аплицираат за пасоши на други земји, на земји членки е да ја зголемиме атрактивноста на македонскиот пасош. Вистински долгорочно решение како да се соочиме со овој предизвик е пасошот на РМ да стане пасош на земја членка на ЕУ. И затоа е многу важно да направиме се што можеме да ја искористиме шансата што се црта полека за 2018 година, рече министерот Димитров.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски