Истражувањето „Позицијата на бегалците и мигрантите во Македонија“, спроведено во рамки на проектот „Создаваме заедно: Мониторинг и застапување за заедницата“, имплементиран од Фондацијата „Конрад Аденауер“, Здружението на правници на Република Македонија и НВО Атина – Стрбија кажа дека Македонија останува да биде транзитна земја каде во периодот од 2015 до 2017 година само 35 лица аплицирале за азил и биле одбоени.
Просечното време на престој во Центарот за баратели за азил било три и пол дена. Само пет лица во Република Македонија добиле меѓународна заштита како бегалци, а 11 добиле супсидијарна заштита, односно поради кршење на нивните освновни човекови права.
Националниот коменаџер на проектот, Иван Јованов смета дека е потребно зголемување на капацитети на локалните власти за да се овозможи подобар процес на интеграција.
– Направивме фокус групи и интервјуа со мигранти и со понудувачи на услуги кои ни покажаа дека мигрантите генерално се задоволни од примарните услови во транзитните центри во Гевгелија и Куманово како што се пристап до храна, вода, облека и примарна здравствена заштита, изјави Јованов.
Најмногу примарни услуги на бегалците се даваат од институциите, додека секундарните услуги како образовани програми, бесплатна правна помош и јазични часови се понудувани во најголем дел од здруженија на граѓани.