ВМРО-ДПМНЕ побара ослободување на притворените

Од:

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска протестираше пртив апсењата на нивни пратеници, функционери и симпатизери кои беа приведени поради насилството во Собранието на 27-ми април.

Тие побараа ослободување на притворените и сопирање на судските процеси.

Од пред министерството за правда, Алесандар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ порача дека ова нема да ги скрши и ќе продолжат да протестираат.

„Да ги поддржиме семејствата на нашите браќа и сестри кои што се затворени. Знаеме дека сигурно им е многу тешко, незамисливо тешко, но да издржат во овие тешки времиња затоа што на крај правдата ќе победи. Сето ова ќе заврши“, рече Нацев.

Свои обраќања имаа и Марија Андоновска и Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ кои рекоа дека денеска протестираат пред институцијата која спроведува неправда и побараа од судиите да донесат чесна одлука од која немало да се срамат нивните внуци.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус