Груевски неделава трипати во суд

Од:

Поранешниот премиерот Никола Груевски сè почесто ќе се појавува во Кривичниот суд во Скопје.

Освен што мора еднаш неделно, секој работен петок да се пријавува кај шалтерски службеник како една од мерките која му ја определи Судот во замена за притвор, Груевски речиси по двапати во неделата мора да се јавува во Судот за обвиненијата кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство.

Груевски утре треба да се појави на две судења. Во 9.45 во судницата број 1. е закажано ново рочиште во обвинението за провизиите за кинеските патишта „Траекторија“, каде е обвинет за примање награда за противзаконито влијание.

На минатото рочиште адвокатите на обвинетите побараа визулено и тонско снимање на судењето.

Еден час и 15 минути подоцна во истата судница на Груевски ќе му се суди за насилството пред општина Центар во 2013-та година. На утрешното рочиште во овој предмет треба да продолжи сослушувањето сведоци.

За Груевски се отворени уште три обвиненија, кои сè уште не се започнати, а тоа се случаите: „ТНТ“, „Тенк“ и најголемиот случај „Титаник“.

Судот ги прифати обвиненијата за „Тенк“ и „ТНТ“ и се очекува да бидат закажани судењата. Поранешниот премиер засега се соочува со вкупно пет обвиненија, со кои, според СЈО се направени кривични дела.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески