Во Охрид куче каснало жена, пријавени и два случаи на труење кучиња

Од:

Д.А. (25) од с. Косел, охридско, вчера во СВР Охрид пријавила дека била касната од куче.

Инцидентот се случил вчера изутрина, околу 06.45 часот, додека се движела по улицата „Димитар Влахов“ во Охрид и се доближило црно куче и ја каснало во задниот дел од десната нога. Д.А. успеала да избега и веднаш побарала медицинска помош во болницата во Охрид.

Во СВР Охрид вчера во два наврата биле пријавени и труења на кучиња. Во првиот случај било пријавено труење на кучка со четири мали кучиња. Мртвите кучиња биле забележани во двор на ул.„Цар Самоил“ во Охрид. Од страна на граѓанин бил пријавен уште еден случај на труење на куче кое било забележано на ул. „Даме Груев“.

Екипи од СВР Охрид, по овластување на Јавен обвинител, извршиле увид на двете локации во присуство на службени лица од Агенција за храна и ветеринарство. Кучињата биле подигнати од вработени во Јавното претпријатие „Охридски комуналец“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите.

Би можело да ве интересира

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите