Пробајте го и понатаму овој колач секогаш ќе биде вашиот избор …
Потребно е:
1 чаша (од 300 мл) гриз
1 чаша остро брашно
1 чаша шеќер
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
јаболки, количината по желба
цимет, по желба
путер или маргарин
Подготовка:
– Во подлабок сад ставете ги брашното, гризот и шеќерот. Додадете ги и ванилиниот шеќер и прашокот за пециво. Измешајте.
– Намастете ја тавата во која ќе го почете колачот и посипете ја со малку брашно. Со раце распоредете ја смесата од суви состојки. Овој слој не треба да биде дебел, туку само да го покрие дното на тавата.
– Потоа ставете подебел слој рендани јаболки со измешан цимет во нив.
– Над јаболките повторно ставете еден ред од смесата со суви состојки. Постапката повторете ја додека да ги потрошите сите состојки.
– На крај најодозгора изрендајте путер или маргарин. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 40 минути или додека да добие убава златна боја.