Службите од општина Крива Паланка ги интензивираа активностите за санирање на штетите од невремето и обилните врнежи од дожд кои ја зафатија општината и околните места на почетокот од месецот.
Во моментот градежната механизација е на терен и работи на санација на локалните патни правци кои водат од село Узем кон село Костур, но и на санирање на штетите во останатите подрачја на општината.