Заинтересираноста на граѓаните на Крива Паланка за информирање со тековните активности на општината и интерактивно, непосредно комуницирање со службите од општинската администрација е голема, што се покажа и во текот на првиот отворен ден на општината, посочуваат од службата за информирање при локалната самоуправа на општина Крива Паланка.
– Голема посетеност од страна на Паланчани, неколку стотици граѓани дојдоа во општината за изнесат ги своите прашања, сугестии и предлози пред градоначалникот и раководителите на одделенијата. Општинската администрација ги евидентираше предлозите и иницијативите и одговараше директно на прашања од областа на урбанизмот, комуналните работи, локалниот економски развој, образованието, социјалната заштита, културата, инспекциското работење, финансиите и нормативно-правните работи, во насока на зголемување на транспарентноста, отвореноста и достапноста, доплонија од локаната самоуправа на Крива Паланка.