На денешното судско рочиште за случајот „Монструм” во судницата влегоа роднините, односно родителите на убиените момчиња матуранти, како и родителите на убиениот рибар во петкратното убиство кај Смилковското езеро, објави Макфакс.
Судијата ги отстрани од судницата, бидејќи законски тие не треба да бидат присутни додека обвинетиот Хаки Азири дава исказ пред судот.
На заминување од судницата, родителите кои ги изгубија своите деца извикуваа „Гадови”, „Убијци”, „Да горите во пеколот”. На ова реагираше адвокатот на дел од обвинетите, Насер Рауфи, кој побара од судијата да не дозволи во иднина вакво однесување, бидејќи обвинетите сè уште не се осудени.