Во САД најмногу насилна смрт од другите богати земји

Од:

Во САД се случуваат далеку повеќе насилни смртни случаи отколку во другите богати земји, делумно поради тоа што голем број луѓе поседуваат огнено оружје, кое често се наоѓа на пристапно место, покажуваат резултатите од денеска објавеното истражување.

Во САД се случуваат околу шест насилни смртни случаи на 100.000 жители, а ниту една од останатите 16 земји опфатени со извештајот на двата водечки здравствено-истражувачки институти, не е ниту приближно на тој сооднос.

Најблиска на САД е Финска, со нешто повеќе од два случаи на насилна смрт на 100.000 жители.

Освен тоа, во САД е поголем број на смртните случаи кои се поврзани со дрогата, смртни случаи на новороденчиња и случаи на СИДА.

Извештајот е објавен помалку од еден месец откако во пукање во основно училиште во Конектикат се убиени 20 деца и шест возрасни.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас