ВМРО-ДПМНЕ: Упадите во домовите класична форма на политички притисок и заплашување

Од:

„СЈО и правосудните органи се ставија целосно во функција на хунтата на Зоран Заев и наместо да постапуваат согласно закон тие служат само за политичка пресметка со неистомисленици.

Апсурдните упади во домовите се класична форма на политички притисок и заплашување на секој кој не ги поддржува деструктивните политики на СДС. Тие имаат за цел кршење на било каков отпор по однос на антидржавните политики кои ги реализира Заев.

Активностите на СЈО секогаш служат за создавање димна завеса и дефокус на јавноста од реалните проблеми на граѓаните, со што медиумите под контрола на власта наместо да известуваат за катастрофата со која што се соочува државата и граѓаните, добиваат коска во форма на монтирани политички случаи на СЈО и судството под контрола на хунтата.

Со доаѓањето на хунтата на власт правосудните органи не работат согласно закон, туку по диктат на власта. Не се почитуваат Уставот, законите и процедурите, а правосудните органи станаа обична алатка за политички прогон.
На удар на киднапираното судство се само членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и искрени патриоти кој си ја сакаат државата.

Сите незаконски постапки во иднина ќе бидат ревидирани, а секој што слепо извршувал политички наредби наместо да го почитува законот ќе биде соодветно санкциониран“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус